Вкупните девизни резерви на ниво од 2,2 милијарди евра на крајот на февруари

9

Вкупните девизни резерви на крајот на февруари достигнаа ниво од 2.253.400.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

За еден месец вкупните девизни резерви се зголемени за 6,5 милиони евра, додека во споредба со февруари 2015 година се забележува намалување од 77,3 милиони евра.

Државното монетарно злато на крајот на февруари имаше вредност од 245.400.000 евра или 22,3 милиони повеќе во однос на претходниот месец. Зголемување кај оваа ставка од 11,1 милиони евра има и во однос на февруари претходната година.

На крајот на февруари 2015 година салдото на вкупните валути и депозити беше 290.400.000 евра, што е зголемување од 34,4 милиони евра во однос на јануари 2016 година. На крајот на февруари 2015 година вкупните валути и депозити изнесуваа 245.300.000 евра.

Најголем дел од вкупните девизни резерви ги чинат хартиите од вредност, коишто на крајот на февруари 2016 година имаа вредност од 1.712.900.000 евра или за 50,1 милиони евра помалку во однос на јануари. Значително намалување од 133,3 милиони евра има во однос на февруари 2015 година.