Вкупните девизни резерви од 2.188.000.000 евра на крајот на октомври

15

Вкупните девизни резерви на крајот на октомври достигнаа ниво од 2.188.000.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Еден месец претходно вкупните девизни резерви коишто ги има на располагање земјата имаа салдо од 2.187.400.000 евра, што е намалување од 600.000 евра во однос на октомври.

Монетарното злато на крајот на октомври има вредност од 228.000.000 евра, еден месец претходно помалку за 8,7 милиони евра, додека истиот период лани достигна 203.600.000 евра.

Салдото на валути и депозити на крајот на октомври имаше вредност од 265.300.000 евра, додека еден месец претходно беа на ниво од 240.900.000 евра.

Најголем дел од вкупните девизни резерви отпаѓаат на хартиите од вредност, чијшто износ на крајот на октомври е 1.689.900.000 евра. На крајот на септември, хартиите од вредност беа на ниво од 1.722.400.000 евра.