Вложувањето во оваа компанија е најдобра инвестиција на декадата

203

Инвеститорите кои на време ја препознаа важноста на Netflix и на почетокот на 2010 година инвестираа еден милион долари, вредноста на влогот сега се зголеми на повеќе од 43 милиони милиони долари.

Netflix, денес е една од 40-те највредни компании во САД, со пазарна вредност помеѓу 140 и 150 милијарди американски долари во последниве денови, со скоро 160 милиони претплатници ширум светот.

Постојаниот раст на бројот на претплатници, вклучително и претплатниците од други пазари покрај САД, времето што го поминуваат со Netflix, како и висококвалитетната оригинална и друга достапна содржина, беа клучни двигатели на растот на цената на акциите во текот на децениите.

Според CNBC, акциите на Netflix забележале најголем раст на индексот на акции S&P 500 – пораст од 4.181% од почетокот на 2010 година до денес.

Влогот од еден милион долари во Netflix на први јануари 2010 година, денес би вредел околу 43 милиони долари, анализираат од CNBC.

Фото: Pexels