Во ХЕЦ Шпилје произведени 118 милиони квч

60

Од почетокот на годинава до денес во ХЕЦ Шпилје се произведени 118 милиони киловат часови електрична енергија, односно 47% од годишниот план на производство.

Дневното производство на електраната, која од почетокот на февруари работи со максимален капацитет, изнесува два милиони киловат часови. Според надлежните тоа е резултат на исклучително поволната хидрологија и подготвеноста на електромашинската опрема да ја прими и преработи целата количина на вода која доаѓа.

Моментално средниот дотек од Радика и Црн Дрим изнесува 170 метри кубни вода во секунда. Во акумулацијата има солидна резерва на вода, за производство на 39 милиони квч. Надлежните оценуваат дека исклучително поволната хидрологија и сегашните остварените производни резултати се гаранција не само за предверемена реализација на годишниот план од 252 милиони квч, туку и натфрлување на истиот.

Прелевањето преку преливната шахта, што почна пред дваесеттина дена продолжува, со околу седум метри кубни вода во секунда.