Во јануари издадени 140 одобренија за градење

21

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 се издадени 140 одобренија за градење, што е за 22,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.458.386 денари, што е за 47,4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 113 или 80,8% се наменети за објекти од високоградба, 17 или 12,1% за објекти од нискоградба, како и 10 одобренија или 7,1% за објекти за реконструкција.
Од вкупно 140 објекти, на 102 или 72,9% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 38 објекти или 27,1% инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 632 станови со вкупна корисна површина од 43.778 м2.