Во јуни 75,3 % од потрошената струја била од домашни извори

28

Во јуни годинава 75,3 % од потрошената електрична енергија во земјава била од домашно производство, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната потрошувачка по видови енергенти во јуни изнесува: 477 863 МWh електрична енергија, 18.291 мил. нм3 природен гас, 294 530 тони јаглен и 83 355 тони нафтени продукти.

Од вкупната потрошувашка на јаглен, 94.6% отпаѓа на производство на електрична енергија.

Фото: Pexels