Во овие земји луѓето работат и по 65-тата година

46

Постои голема разлика во стапката на вработеност на лица кои имаат над 65 години во земјите од светот. Според податоците на OECD (Organization for economic co – operation and development), најмногу лица кои имаат над 65 години, а работат, се од Азија.

Па така, во Индонезија лица на возраст од 65 до 69 години, во вкупната работната сила, партиципираат со 56%, што е највисок процент во светот.

Меѓу петте земји, каде што има најмногу лица кои се на таа возраст, а активно работат се и: Јужна Кореја (47,6%), Јапонија (47,6%), Нов Зеланд (44,8%) и Кина (36,3%).

Податоците покажуваат дека во САД, од вкупниот број на вработени, 33% се токму лица на возраст меѓу 65 и 69 години.

Од земјите во Европа, највисок е процентот (21,7%) во Велика Британија, потоа следуваат: Германија (17,1%), Франција (6,7%) и Шпанија (6,4).

Фото: Pexels