
Во првата половина на 2023 година, 50.600 големи германски компании ги затворија вратите, или 12,4 отсто повеќе од минатата година, објави во петокот Федералниот завод за статистика.
Истовремено, регистрирани се 62.700 нови компании чиј облик или број на вработени укажуваат на поголемо економско значење според статистичката методологија, јавува ДПА.
Од почетокот на јануари до крајот на јули во земјата се затворени вкупно 246.500 фирми, 14 отсто повеќе од првата половина на 2022 година.
Во исто време, вклучувајќи ги малите бизниси и бизнисите со скратено работно време, судовите регистрираа 317.600 нови фирми, десет проценти повеќе од минатата година, според статистичарите.