Нова инвестиција во рудникот Саса

32

Директорот Максим Прохоров вели дека севкупната инвестиција на Солвеј во најголемиот македонски рудник, од моментот кога во 2005 година стана негов инвеститор до денес, изнесува над 50 милиони евра.
Значајни средства рудникот инвестира и во подвижна платформа, која има важност во однос на зголемување на безбедноста во јамите. Платформата ќе се користи за отстранување на сите опасни карпи од горниот дел на подземните ходници во рудникот.
Во моментов годишното ниво на експлоатација во овој рудник е 700.000 тони сува руда од која се добиваат околу 90.000 тони оловен и цинков концентрат. Примарна цел на новата инвестиција во новото концесиско поле не е да се добие поголемо производство туку пред се и над се да се обезбеди постојаност на производството.

Овој рудник веќе трета година по ред е меѓу петте најуспешни и најпрофитабилни стопански субјекти во државата. Во 2011 година Саса оствари профит од 47 милиони евра. Според Прохоров, тоа е резултат на постојаното инвестирање.