Водата во Тиквешијата може да се пие без превривање

43

Укината е препораката за задолжително превривање на водата за пиење пред употреба во Тиквешијата.

“По извршените анализи на примероците од вода кои континуирано ги земавме неколку дена, стручните лица на центарот контстаираа дека сите досегашни отстапувања на својствата на водата се нормализирани, така што претходните параметри се во рамки на нормалата. Констатирано е присуство на резидуален хлор во водата за пиење од која пијат кавадарчани и неготинци, но и жители на неколку села. Дезинфекцијата на водата е успешна”, вели доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Сега водата може слободно да се пие без превривање.