Volkswagen плати 9,5 милијарди долари казна

36

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen плати казна од 9,5 милијарди долари како компензација за оштетените сопственици во случајот со манипулација на податоците за составот на штетни состојки во издувните гасови на дизел автомобили, соопшти Федералната трговска комисија на САД.

За тоа дека Volkswagen во САД продавал коли со компјутерска програма која ги намалувала реалните податоци за штетните супстанци во издувните гасови се дозна уште во 2015 година.

Сепак, судот пресуди дека германскиот автомобилски гигант е виновен поради манипулации со намалување на индикаторите за издувни гасови дури летото 2018 година. За време на судскиот процес, претставници на компанијата признаа дека правеле махинации и ветија дека ќе поправат или откупат 550.000 неисправни коли.

Според информациите, 86% од сопствениците на неисправни Volkswagen и Porsche одбрале производителот да ги откупи нивните автомобили.

Поради таканаречениот “дизелгејт“, неколку топ менаџери и технички директори, како и екс-претседателот на компанијата, Мартин Винтеркорн, поднесоа оставка. Винтеркорн и пет други менаџери подоцна беа дадена на суд во Мичиген “поради тоа што извршиле свесна и планирана измама“ за да се изиграат регулациите за издувни гасови на САД.

Фото: Pixabay