Volkswagen се соочува со казна од над 100 милиони евра

38

Германскиот автомобилски производител, Volkswagen се соочува со парична казна од над 100 милиони евра бидејќи неговата флота на патнички автомобили во 2020 година не ги исполни целите на Европската унија поврзани со емисијата на јаглерод диоксид.

Компанијата ја намали просечната емисија на СО2 во својата флота во Европската унија за околу 20% на 99,8 g/km, што е за околу 0,5 g/km над целта, пренесува Ројтерс.

Поради тоа, предвид доаѓа милионска казна. Загрижени поради глобалното закрепнување и загадениот воздух, европските регулатори донесоа прописи чија цел е сузбивање на емисијата на штетни гасови, принудувајќи ги производителите да развиваат технологија за добивање автомобили со пониска емисија. Во спротивно, ќе се соочат со казна за надминување на дозволената емисија на СО2 од 95 евра по грам.

Од Volkswagen навеле дека претходно одвоиле средства за парична казна за да го избегнат ударот врз заработката во последниот квартал од 2020 година.

Фото: Freepik