Вредноста на доларот надмина 100 рубљи

97

Курсот на доларот во понеделникот надмина 100 рубљи, а со оглед на стапката на депрецијација на рубљата, тоа беше само прашање на време. Американската валута поскапе во однос на руската за повеќе од 40 отсто од почетокот на годината, а за повеќе од 10 отсто во август.

Курсот на доларот надмина 101 рубља во текот на првиот час од утринската сесија во понеделникот, што е највисоко од 23 март 2022 година. Американската валута е зголемена за околу 30 рубли од почетокот на годината. Според Максим Орешкин, помошник на претседателот на Русија и поранешен министер за економија, главната причина за слабеењето на рубљата е меката монетарна политика на Банката на Русија.

Орешкин истакнува дека „сегашниот курс значително отстапил од фундаменталните нивоа“, како и дека слабата рубља го отежнува преструктуирањето на економијата и негативно влијае на реалниот доход на населението.

Банката на Русија реагираше многу смирено на слабеењето на рубљата во однос на водечките валути и објасни дека тоа е последица на намалувањето на извозот. Аналитичарите наведуваат дека моменталната понуда на девизи од извозот не е доволна за да се задоволи побарувачката на девизи за увозни набавки и за одлив на капитал поради геополитички, буџетски и инфлациски ризици.

Банката на Русија објави дека не гледа ризици за финансиската стабилност поради слабеењето на руската рубља. Руската валута би можела да биде поддржана од високите цени на енергијата, велат експертите. Од почетокот на месецот суровата нафта од типот брент се движи околу 85 долари за барел, додека руската нафта од Урал ја надмина цената од 60 долари за барел.