Wall Street порасна – спласна стравот од инфлација

19

На Wall Street во средата, цените на акциите значително пораснаа, бидејќи по коментарот на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, спласнаа стравувањата на инвеститорите од инфлација, а се намали и притискокот на технолошкиот сектор.

Dow Jones скокна за 424 поени или 1,35%, на 31.961 поени, додека S&P 500 порасна за 1,14 %, на 3.925 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,99 %, на 13.597 поени.

Претходните денови, пазарот беше под притисок поради стравувањата на инвеститорите од зголемена инфлација и можноста ФЕД да ја заостри монетарната политика дури и порано од очекуваното, што би имало лош ефект врз пазарот на капитал.

Силниот пораст на индексот се случи откако претседателот на американската централна банка Пауел во извештај пред Конгресот рече дека може да поминат повеќе од три години пред инфлацијата да ги достигне целните нивоа од околу 2%.

Фото: Pixabay