Wall Street со остар пад, технолошкиот сектор под притисок

27

На Wall Street, берзанските индекси нагло паднаа во четвртокот, при што Nasdaq ја забележа најголемата дневна загуба во последните четири месеци како резултат на притисокот врз технолошкиот сектор по зголемувањето на приносот на државните обврзници.

Dow Jones падна 559 поени или 1,75%, на 31. 402 поени, додека S&P 500 потона 2,45 %, на 3.829 поени, а индексот Nasdaq падна 3,52%, на 13.119 поени.

Акциите на Apple, Amazon, Microsoft, Alphabet, Facebook и Netflix паднаа меѓу 1,2 и 3,6%. Минатата година, благодарение на затворањето на компаниите и работата од дома, секторот го водеше пазарот во однос на растот.

Од друга страна, стравувањата дека огромниот фискален и монетарен стимул ќе ја зајакне инфлацијата, приносите на државните обврзници нагло се зголемија во последните неколку недели.

Фото: Facebook