Watly – соларен уред што прочистува вода, создава струја и интернет конекција

25

Watly-solar-powered-water-purification-889x500

Watly е првиот соларен уред којшто прочистува вода од било каков извор или загадување, создава електрична енергија и овозможува интернет конекција.

Овој уред е составен од четири соларни единици, во коишто има термални вакуум цевки. Благодарение на технологијата што ја користи, Watly е 11 пати поефикасен отколку традиционалните методи на дестилирање на водата.

Досега овој уред беше во пилот фаза во Гана, а веќе планирана е нова и подобрена верзија Watly 3.0. со подобрени перформанси. Новиот Watly, којшто ќе биде долг 40 метри, се очекува да прочистува околу 5.000 литри вода дневно, во период од 15 години.

Исто така, Watly може да обезбеди и доволно електрична енергија за напојување на различни електрични уреди на околу 3.000 лица.Watly создава и електрична енергија благодарение на 40 соларни панели, коишто генерираат 70 киловат часови енергија дневно. Создадената енергија се складира во внатрешна батерија од 140 киловат часови.

Watly, во исто време, може да собира и испраќа различни видови на податоци (видеа, слики, текстови и слично) преку Интернет на било какво уред.

Зад дизајнот на овој изум, што ќе им биде од голема помош на милиони луѓе ширум светот, стои тим од 11 членови од Шпанија. Тие на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, планираат да соберат средства за консолидирање на технолошките карактеристики со коишто ќе им помогнат на првите 3.000 луѓе.