WhatsApp со нова апликација ќе им помага на малите бизниси

23

wharsapp-business-application

Фото: www.whatsapp.com/business/

WhatsApp лансираше нова апликација WhatsApp Businessкојашто ќе им помага на претприемачите да го прошират својот бизнис и да се поврзат со потрошувачите. Сè што треба да направат сопствениците на бизнисот е да креираат свој кориснички профил на овој сервис приложувајќи детални информации за нивната дејност.

На овој начин не само што корисниците полесно ќе се информираат за компаниите, туку ќе имаат можност и директно да комуницираат со сопствениците на бизнисот кои пак, се должни, во најкраток рок да одговорат на пораките и барањата на потенцијалните клиенти со што би се заокружила интеракцијата, информираат преку својот веб сајт www.whatsapp.com/business/.

Апликацијата има и своја десктоп верзија, а нејзината предност ќе биде и во можноста да се остават автоматски говорни пораки за клиентите. Оние претприемачи кои ќе инсталираат WhatsApp Business и понатаму ќе можат да ја користат и WhatsApp Messenger, но ќе треба да ги регистрираат со различен број.

Апликацијата е бесплатна, а во моментов е достапна само за Android уредите.