За 122% порасна продажбата на електрични и хибридни возила во ЕУ

58

Пазарот на електрични и хибридни автомобили во Европската унија бележи пораст, благодарение на субвенциите што ги одвојуваат државите за поттикнување на нивна потрошувачка.

Според европската асоцијација на производители на автомобили, од јануари до септември оваа година, се продадени околу 570.000 електрични и хибридни возила, што е 122% повеќе во однос на истиот период лани.

Пандемијата предизвика сериозни последици врз продажбата на нови автомобили, што има пад од скоро 30% во однос на истиот период лани. Германија е лидер по продадени хибридни и електрични автомобили (204.500), по што следуваат Франција (111.000) и Шведска (56.500).

Продажбата на бензински автомобили е намалена за 38% на 3,5 милиони возила, а исто е толкав падот и кај дизел моторите со продадени околу два милиони автомобили на таков погон.

Фото: Pixabay