За 20 години извезени 460 луксузни јахти од Анталија

71

Во медитеранскиот град Анталија се произведени 460 луксузни јахти што се продадени насекаде во светот во изминатите 20 години, пренесува Daily Sabah.

Производителите на јахти во слободната зона во Анталија добиваат порачки од различни земји: Италија, Велика Британија, САД, Русија, Холандија, Обединети Арапски Емирати, Катар и Оман и нивната вредност достигна 1,2 милијарди долари.

Производството на овие пловни објекти, во рамки на слободната зона во овој турски град, започна во 2000 година и оттогаш Турција учествува со една третина од вкупното производство на јахти во светот, во друштво на Италија и Холандија.

Колку се поголеми јахтите, толку и вредноста и придонесот кон националната економија е поголем.

Досега најголемата супер јахта што е направена има должина од 63 метри, за прв пат заплови лани и е продадена на британски бизнисмен за 40 милиони долари. Во овој момент работат на уште подолга јахта, од 70 метри, што треба да биде завршена во декември следната година.

Фото: Freepik