За над 40% намален транспортот на стока по воздушен пат

38

Во третото тримесечје од оваа година, во споредба со истиот период лани, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 26,8%, во железничкиот превоз е зголемено за 4,4%, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 40,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници изнесува 638.000, во градско-приградскиот превоз 9.186.000, во железничкиот превоз 68.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 199.184.

Фото: Freepik