За скоро 16% повеќе издадени одобренија за градење во септември

10

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември оваа година се издадени 248 одобренија за градење, што е за 15,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.285.005.000 денари, што е за 65,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 139 (56,1%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (13,3%) за објекти од нискоградба и 76 (30,6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 248 објекти, на 161 (64,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 87 (35,1%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 557 станови, со вкупна корисна површина од 45.427 метри квадратни.

Фото: Pixabay