Загуба од 90 милијарди долари за најголемите нафтени компании

44

Најголемите нафтени компании во светот, во изминатите девет месеци, прикажаа загуба од околу 90 милијарди долари. Како причина за тој пад се наведуваат последиците од пандемијата.

Само во последното тримесечје, седумте најголеми нафтени компании ги намалија прогнозите за идното движење на цената на нафтата, поради што се соочија со загуба од 87 милијарди долари.

Според Guardian, во последните три месеци нафтените компании: BP, Total, Chevron, Repsol, Royal Dutch Shell, Eni и Eniqoe, прикажаа намалување на вредноста од околу 55 милијарди долари. Падот на вредноста почна од крајот на минатата година, а пандемијата од март годинава само го забрза опаѓањето на вредноста.

Фото: Freepik