Започна издавањето на меѓународен идентификатор за правно лице LEI

20

Словенечкиот бизнис регистар AJPES успешно го заврши процесот на акредитација од страна на Глобалната фондација за идентификатори на правни лица (GLEIF) за издавање на меѓународен идентификатор за правно лице LEI (Legal Entity Identifier), се вели во соопштението од Централниот регистер на Република Македонија.

Оттука Централниот регистер ги повикува сите правни лица кои се заинтересирани за добивање на LEI целиот процес можат да го спроведат електронски, преку веб порталот на AJPES .

Инаку, LEI претставува уникатен код од 20 цифри, воспоставен со стандардот ISO 17442. Со него се овозможува идентификација на правните лица во меѓународни рамки, при што се обезбедува транспарентност во правниот и во финансискиот промет. Глобалната употреба и континуираната контрола на квалитетот претставуваат гаранција за квалитетни, доверливи и споредливи референтни податоци што се содржани во LEI.

За сите дополнителни информации, како и за техничка поддршка при користење на системот, правните лица од Република Македонија може да се обратат на LEI.info@ajpes.si