Зелената енергија би и заштедила на ЕУ три илјади милијарди евра

62

Зелената енергија без емисија на јаглерод диоксид, до 2050 година би и заштедила на Европската унија три илјади милијарди евра на трошоци за гориво. Енергетската револуција до 2020 би создала половина милион нови работни места, според експертите од германскиот вселенски центар ДЛР, специјализиран за енергетика и сообраќај.

ЕУ си постави цел уделот на обновливи извори на енергија во вкупната потрошувачка до 2020 година да биде 20%, но допрва треба да се постигне договор за обврзувачки цели по 2020 година. Чекорите што треба да се преземат за енергија која би била скоро без емисија на јаглерод диоксид се зголемување на инвестициите во енергија од ветер и соларна енергија, како и потполно укинување на субвенциите за енергија со високи емисии на CO2, како што е јагленот.

За ваква енергетска трансформација до 2050 година потребно е да се вложат 99 милијарди евра, но финансиската корист би била многу поголема, истакнуваат германските научници. Поради тоа што обновливата енергија нема трошоци за гориво, заштедите по ова сценариот изнесуваат три билиони евра до 2050 или 75 милијарди годишно.