Земји што најмногу инвестираат во обновлива енергија

67

Инвестициите во обновлива енергија на глобално ниво скоро двојно се зголемија во последната декада. Во тој период, Европа ја загуби својата позиција како најголем инвеститор во обновливи извор, а лидерската позиција ѝ ја презедоа Кина и САД.

Според податоците, Кина за три пати ги зголеми инвестициите во овој вид енергија во период меѓу 2009-та и 2019-та година. Под овој вид на инвестиции се подразбираат трошоци направени за истражување и развој, потрошени од компаниите и владите, инвестиции во venture капитал, средства за инсталирање на енергетски постројки и слично.

Анализата на Statista покажува дека во 2009-та година се потрошени 167,8 милијарди долари, а 10 години подоцна скоро 302 милијарди долари. Кина лани за инвестиции во обновлива енергија потроши 90 милијарди долари, наспроти 76,5 милијарди пред 10 години.

САД лани за овој енергетски сегмент одвои 59 милијарди долари, додека пред 10 години трошоците изнесуваа 36,7 милијарди долари. Стариот континент за инвестиции во обновлива енергија одвои 58,4 милијарди долари во 2019 година, а една декада претходно 23 милијарди долари.

Фото: Pixabay