Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во август

20

Во август оваа година се издадени 210 одобренија за градење, што е за 9,4% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.326.990.000 денари, што е за 53,7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 136 (64,8%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (8,6%) за објекти од нискоградба и 56 (26,6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 210 објекти, на 145 (69,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 (30,9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 278 станови, со вкупна корисна површина од 24.728 метри квадратни.

Фото: Pixabay