Зголемен бројот на работници во индустријата во ноември

23

rabotnici-vo-industrija-prerabotuvacka-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи опаѓање од 1,1%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,9%, Капитални производи за 15% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2017 година, во однос на периодот јануари – ноември 2016 година, е зголемен за 2,1%.