Зголемен бројот на странски туристи во март

24

ohrid-stranski-turistiБројот на туристите во март 2013 година во Македонија изнесувал 34.495, што е за 7,5% повеќе во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Истиот број туристи во март, низ туристичките објекти во државата оствариле вкупно 73.241 ноќевања, што е за 10,2% повеќе во однос на минатата година.

Бројот на домашните туристи во март е намален за 8,8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 18,4%. Притоа, бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 4,5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22,6%.