Зголемен бројот на туристи и бројот на ноќевања во Македонија

16

Бројот на туристите во август оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 7,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во август 2014 година изнесува 145.445, а бројот на ноќевањата изнесува 630.230.

Бројот на домашните туристи во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 12,2%, а, бројот на странските туристи е зголемен за 16,8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 6,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11,9%. Во периодот јануари- август 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 5,9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,3%, а кај странските има зголемување за 9%.

Во периодот јануари- август 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 2,1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,9%, а кај странските има
зголемување за 7,4%.