Зголемен бројот на туристи во август

6

Бројот на туристи во август оваа година е зголемен за 16,1% во однос на истиот период лани, додека зголемување од 14,7% има и кај бројот на ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во август 2015 година изнесува 168.851, а бројот на ноќевањата изнесува 722.624.

Бројот на домашните туристи во август 2015 година, во однос на август 2014 година, е зголемен за 13%, а бројот на странските туристи е зголемен за 20,8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2015 година, во однос на август 2014 година, е зголемен за 11,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 25%.

Во периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2%, а кај странските има зголемување за 14,2%.

Во периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,4%, а кај странските има зголемување за 11,7%.