Зголемен бројот на туристи во септември

13

Бројот на туристите во септември 2014 година изнесува 66.033, а бројот на ноќевањата изнесува 156.554, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е зголемен за 3,5%, а бројот на ноќевањата остана на исто ниво. Бројот на домашните туристи во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е намален за 1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 5,1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е зголемен за 0,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 0,3%.

Во периодот јануари септември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 5,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,1%, а кај странските има
зголемување за 8,4%.

Во периодот јануари септември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 1,9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,8%, а кај странските има
зголемување за 6,3%.