Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни

12

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2015 година е за 1,7 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јуни 2014 година е зголемен за 6,6 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2015, во однос на мај 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe зголемени.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на јуни 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2015 година изнесува 64,1% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 25,2%, недоволната странска побарувачка со 24,5%, недоволната домашна
побарувачка со 24,2% и финансиските проблеми со 6%.