Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај

2

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2016 година е за 0,1 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2015 година е зголемен за 6,5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2016, во однос на април 2016 година, е малку поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2016 година е малку поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна е во однос на мај 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2016 година изнесува 64,3% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25,8%, недоволната домашна побарувачка со 16,7%, недостигот на квалификувана работна сила со 14,8% и финансиските проблеми со 8,7%.