Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март

17

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2019 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на февруари 2019 година и изнесува 20,7, а во однос на март 2018 година е зголемен за 1,6 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2019, во однос на февруари 2019 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на февруари 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на март 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2019 година изнесува 69% од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 25,6%, недоволната странска побарувачка со 16,1%, недоволната домашна побарувачка со 14,6%, и неизвесното економско опкружување со 10,7%.