Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври

30

rabotnici-vo-industrija-prerabotuvacka-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2017 година е за 0,1 процентен поен повисок во однос на претходниот месец, а во однос на октомври 2016 година е зголемен за 1,5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2017, во однос на септември 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на септември 2017 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2017 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на октомври 2016 година. Се очекува бројот на вработените да расте.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2017 година изнесува 66,1% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 20,7%, недоволната странска побарувачка со 20,4%, недоволната домашна побарувачка со 17,9% и неизвесното економско опкружување со 11,3%.