Жито Полог од Тетово за шест месеци прокнижи добивка од 6,2 милиони денари

49

zito polog

Жито Полог од Тетово во првото полугодие од оваа година прокнижи вкупна сеопфатна добивка во висина од 6.238.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од 2015 година, компанијата прикажа загуба од 9.935.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до јуни оваа година беа 145.526.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 193.846.000 денари.