Златен даб е бренд со кој Македонија може да се гордее

584
naslovna
Сашко Блажевски, директор на продажба на Прилепска Пиварница

Годинава Прилепска пиварница слави 90 години од постоењето и со гордост може да се каже дека рецептурата од старите мајстори е традиција која пробуваме да ја пренесеме во Златен даб.

БИ: Во првите три квартали од 2013 имавте раст на продажбата за 7%. На што се должи добриот резултат?

Се уште се прават завршните годишни пресметки, па ќе ги објавиме официјалните бројки, но сигурно продолжува растот остварен со завршување на третиот квартал. Заклучно со четвртиот квартал очекуваме подобри бројки, очекуваме 2013 да ја завршиме со двоцифрен пораст во однос на приходите од продажбата.

Генерално, растот се должи на валоризирање на долгорочната, односно краткорочната стратегија на пиварницата, којашто е след на вложувања во најсофистицирана технологија во нашето производство, понатаму во внесување на модерен пристап во продажбата и дистрибуцијата, грижата и контакти со нашите партнeри и соработници, во исто време слушајќи ги потребите и желбите на нашите консументи.

1157562_581852925211454_1243838525_n

БИ: Кои брендови ги нуди Пиварницата? Кој од нив е најпродаван?

Пиварницата работи со сопствено производство, односно произведува сопствени брендови, а тоа се пивата Златен даб и Крали Марко, соковите Портоколада и Газоза и нектарите Bloom. Во лиценцираните производи се светскиот бренд Pepsi со портфолиото на PepsiCo: Mirinda, 7up, Pepsi Max и Pepsi Twist, како и главниот производ Pepsi Cola, додека во увозното портфолио спаѓаат светските брендови на пиво Tuborg и Carlsberg.

Од увозните производи присутни сме во категорија води со Књаз Милош и AquaViva, заедно со енергетскиот пијалок Гуарана, а вршиме дистрибуција и на вината Стоби, како овластени дистрибутери на винаријата Стоби за Македонија.

Ако веќе ги поделив по групи, така и би ги категоризирал како најпродавани. Кај домашните производи тоа се секако Златен даб, Пепси и Газоза, додека кај увозните е Tuborg.

БИ: Неодамна го ребрендиравте шишето на пивото Златен даб. Какви промени во продажбата даде овој потег?

Брендирањето на Златен даб е нешто што високо ни ги постави стандардите во очекувањата и тоа и го добивме. Тоа се должи на една долгогодишна истрајност и истражување на пазарот и желбата да понудиме еден вистински финален производ преку спроведувањето на активностите во делот на модернизација на технологијата на производство, до целосно нов производ преку шишето, pull off капачето, новата транспарентна етикета. Можеме да се пофалиме дека Златен даб доби еден светски имиџ, бренд со кој цела Македонија може да биде горда. Ребрендирањето на Златен даб ги донесе сите оние ефекти што ги очекувавме на самиот почеток и во континуитет продолжуваат резултатите и во делот на имиџот и во потрошувачката пратена преку бројки.

zlaten dab-01

БИ: Чија е рецептурата за Златен даб?

Рецептурата е на Прилепска пиварница. Годинава Прилепска пиварница слави 90 години од постоењето и со гордост може да се каже дека рецептурата од старите мајстори е традиција која пробуваме да ја пренесеме во Златен даб. Со целата оваа модернизација на технологијата на процесите, на операциите во компанијата, со таква една традиција на мајсторство и искуство, сметам дека успеавме да добиеме квалитетен финален производ.

БИ: Дали Прилепска пиварница планира да воведе радлер линија?

Околу плановите за 2014 година многу во детали нема да навлегувам, но она што со сигурност можам да кажам е дека патот што до сега го минувавме, по тој пат планираме да продолжиме и во иднина – врз основа на истражувањата што е тоа што го сака пазарот и што е тоа што се очекува од нашата индустрија и од нас како компанија, тоа и ќе го понудиме. Така, ако технологијата, иновативноста беа карактеристични за Прилепска пиварница и за нејзините производи изминатиов период, во таа насока ќе продолжиме да се движиме и понатаму. Сите оние промени што допрва ќе следуваат, крајниот потрошувач ќе може да ги види, да ги оцени и се надевам да ги прифати, како што очекуваме.

БИ: Колку рекламата влијае врз продажбата на брендовите? Ги следите светските трендови во адвертајзингот?

4E4A8622Последните две – три години, мислењето на пошироките маси е дека Златен даб во своите реклами, high – tech технологија и начинот како да го изрази брендот преку медиумите е нешто што го прави многу успешно и последните неколку реклами што ги имавме за пивото се високо оценети од популацијата во Македонија. За посмели пристапи во рекламирањето мора да се оди попретпазливо, постепено, дозирано, затоа што народот и очекува од реклама во реклама да добие нешто различно и посмело од претходното. Сметам дека нивото на кое се постави Златен даб во рекламирањето е за неколку скали погоре од тоа што беше пред три – четири години. Сигурно дека вистинската реклама и вистинската идеја што сака да се пласира преку неа е поддршка за самиот бренд на пазарот да се доближи до својот консумент, да биде препознатлив и сигурно ќе продолжиме во таа насока. Во 2014 нема ништо да менуваме, екипата која стои зад таа работа ужива целосна доверба во менаџментот на пиварницата, соработката продолжува и во таа насока ќе се движиме, како што беше претходно. Ќе бидеме задоволни ако се повтори она што се случуваше изминатите две години, а реално очекуваме да биде уште подобро од тоа.

БИ: Прилепска пиварница минатата година ја направи најголемата инвестиција досега во една година. Во што инвестиравте?

Минатата година Прилепска пиварница инвестираше 7,5 милиони евра во модернизација на технологијата, што е најголема инвестиција направена во една година. Воведена е линија од 15 Кронес машини за полнење на производи во стакло. Германски Кронес се смета за број еден во производство на машини, Кронес е знак за препознавање во таа технологија. Инвестицијата е заокружување на целото производство со високо софистицирана и најмодерна технологија.

БИ: Прилепска пиварница е и општествено одговорна компанија…

Prilepska PivaraИнвестицијата во линија за полнење на производи во стакло го дуплира капацитетот на производството, а во исто време многу заштедува енергија и вода, што директно влијае врз зачувувањето на животната средина, што ја покажува еколошката одговорност на Пиварницата како компанија. Во изминатото имаме добиено признание од манифестацијата “Различни, а еднакви”, каде што добивме награда за доближување кон лицата со хендикеп. Тоа признание го доби пиварницата во насока на сите оние активности што ги презема кон општеството. Останатите донации многу помалку помпезно сакаме да се најавуваат, затоа што сметаме дека ако некоја донација не се пренесе преку медиумите, а сепак е направена, добива уште поголема вредност. Каде што имало вистински потреби, каде што сме можеле да одговориме, се делувало и тоа не го чувствуваме како обврска, туку како потреба, затоа што сме сепак дел од ова општество.

БИ: Кои производи ги извезувате, на кои пазари сте најзастапени?

Извозната стратегија на Прилепска пиварница се гради со побавно темпо од причина што сме повеќе фокусирани на домашниот пазар и на поставување на брендовите онака како што ние сметаме дека треба да биде и во моментов и перспективно гледано. Извозната стратегија на Прилепска пиварница е во континуитет, но не со толку голема динамика. Нашите брендови Златен даб и Газоза ги има на повеќе континенти. Газозата е присутна во Канада, Австралија, Австрија, Србија, Златен даб го има во Албанија. Летово бевме присутни и во Хрватска, на неколку фестивали за пиво. На фестивалот “Карловачки дани пива”, за прв пат се позиционира македонско пиво, Златен даб. На фестивалот имавме штанд и можам да кажам дека реакциите на посетителите беа фантастични. Хрватска е една од земјите во регионот со повисока консумација на пиво по глава на жител и иако таму конкурентноста помеѓу нивните брендови Карловачко и Ожујско е огромна, консументите успеаја да пронајдат нешто во Златен даб што навистина им се допадна.

beer expert za portal

 

 

Во продолжение, оценката за Златен даб и коментарот на Мајкл Зеф, германски доктор на науки за пиварство, еден од судиите што се оценувачи на светски саеми за избор на пива.

Зеф говори од својот професионален аспект. Тој е изненаден дека во една мала држава, со не толку развиен култ кон пивото и со така мала консумација по глава на жител може да ја види таа технологијата, целата таа приказна за производствената линија, финалниот производ и квалитетот на пивото.