Зошто авиокомпаниите возат празни авиони

419

Епидемијата од корона вирусот веќе нанесе големи загуби на авиопревозниците, а се очекува ако продолжи ширењето на вирусот да достигнат 113 милијарди долари во делот на продажба на авио билети.

За да не изгубат слотовите на аеродромите, авиокомпаниите одржуваат празни летови, трошејќи големи износи за гориво и персонал.

Причина за ова се европските правила, по коишто авиокомпаниите мора да држат отворени 80% од доделените слотови или им се заканува нивно губење. Заради ова бројни авиокомпании одржуваат летови на дестинации во Европа, но и надвор без разлика на бројот на патници.

Фото: Pixabay