Зошто на крајот на месецот секогаш остануваме без пари?

86

Дали некогаш сте слушнале за “висок датум“? Тоа се последните денови од месецот кога вообичаено и сметката и паричникот ни се скоро празни. На што се должи тоа…

Експертите веруваат дека умешноста за управување со парите е поврзано со управување со сопствените желби. Понекогаш се случува дури и да имаме поголеми примања во текот на месецот (дополнителен прилив, покачување на плата, бонус…) и пак околу “високиот датум“ да кубуриме со пари.

Не постојат пари на светот што не можат лесно да потрошат. Но, зошто е тоа така? Можеби кога имаме пари, чувствуваме слобода и сигурност, па ги надополнуваме тие чувства со потребата да бидеме уште посреќни, купувајќи нешто што можеби во моментот реално не ни треба. Или пак, ја користиме таквата ситуација за да им подариме нешто на блиските или да ги почестиме пријателите…

Има безброј, понекогаш дури и несвесни мотиви зошто се “ослободуваме“ од вишокот пари или зошто се доведуваме во ситуација да не можете да го истуркаме месецот. Како најчести причини може да бидат: влијателни реклами, нападни продавачи, притисок од околината, немање контрола врз сопствените желби, различни уверувања и моментални ситуации…

Често пати, импулсивното купување може да е рефлексија на некаква нетрпеливост или стрес што го чувствуваме.

Фото: Pexels