Зошто оваа рецесија ќе биде поинаква од другите

563

Во претходните финансиски кризи, централните банки ширум светот развија проверен пакет алатки за спасување на националните економии. Па зошто претходните интервенции не делуваат и овој пат?

New York Times ја обработи оваа тема, а за неа говореше екoномскиот новинар и уредник во International Business Times, Питер Гудмен.

За да се свати зошто вообичаените алати коишто банките претходно ги користеја не успеваат и овој пат, Гудмен вели дека е важно да се разбере што се случило во четвртокот наутро минатата седмица. Во четвртокот на 12 март берзата се отвори на Wall Street во Њујорк и веднаш по отворањето дојде до пад на берзата во износ од 7% по што беше прогласена 15-минутна пауза во работењето.

“7% се навистина значителен пад. Во еден обичен ден и нетурбулентно време пад од еден процент е значителен и забележителен. Тоа ви дава до знаење дека нешто значително се случило на берзата, било да е раст или пад“, објаснува Гудмен.

Пад на азиските берзи

Гудмен напоменува дека дојде до голем пад на  азиската и европаската берза, а штом се отвори берзата во Њујорк моментално дојде до пад од 7%.

“Тоа значи дека постои голем страв на пазарот. До крајот на денот дојде до пад од 10% на американската берза, а 5% низ Европа и тоа е најлош ден од 1987 година“, вели тој.

Вели дека работите се многу полоши отколку што се сметаше на почетокот и дека вообичаените методи се бескорисни во ова сценарио.

За да се разбере ова, најдобро е да се подели оваа пандемија во три фази. Првата фаза се одржа во Кина, во градот Вухан, провинцијата Хубеи. Вухан е еден вид индустриски центар како американскиот град Детроит. Многу фабрики за автомобили, електроника, уреди, итн. се наоѓаат таму. Тоа е голем индустриски центар. На почетокот на јануари, станува јасно дека има големи проблеми во Вухан и економистите почнуваат да сфаќаат дека ќе има економски шок“, рече Гудман.

Кина е извор на третина од растот на глобалната економија, објаснува тој, што значи дека ако Кина минува низ тешки времиња, тогаш светот поминува низ тешки времиња.

Полека доаѓа веста дека ќе има нарушување во глобалниот синџир на снабдување. Фабриките во Вухан се затворени, а потоа во Шангај, Гуангдонг и слично. Луѓето почнуваат да сфаќаат дека ќе има недостиг на електроника, автомобилски делови, пластика и сите видови парчиња што се извезуваат и се користат за готови производи.

“Тогаш неколку големи компании, како Apple и general Motors започнаа со предупредување дека продажбата ќе се намали во првиот квартал од годината. Првично, овој недостаток на делови се почувствуваа во азиските земји. Така, на пример Hyundai мораше да го запре производството во своите фабрики за автомобили во Јужна Кореја затоа што тие не можеа да дојдат до деловите произведени во кинеските фабрики. Истата работа се случи со Nissan во нивните фабрики во Јапонија“, објаснува Гудман.

Проблем со побарувачката

Тој забележува дека во тоа време веќе станувало јасно дека  станува збор за нешто поголемо, но сепак се сметало дека ова ќе трае само неколку месеци, по што ќе има брзо закрепнување, затоа што ако, на пример, Apple не може да направи iPad во јануари, но ќе можат во април кога фабриките повторно ќе се отворат. Се сметаше дека ќе биде ограничена само на Кина и дека ќе има кратко застој во глобалниот ланец на снабдување.

Сепак, тоа се смени во средината на февруари кога бројот на заразени лица во Италија брзо се зголеми.

Бидејќи вирусот започна да се шири низ цела Европа, економистите и инвеститорите почнаа да сфаќаат дека тоа ќе има многу поголемо влијание врз глобалната економија, како и врз јавното здравство. Во тој момент, вели Гудман, пазарот стана многу несигурен.
Причината зошто имало бројни подеми и падови на берзата е тоа што инвеститорите започнаа да ги продаваат своите акции во сите фирми кои имаат фабрики или имаат бизниси во делови од светот каде дошла епидемијата.
Ова, вели тој, нè носи во третата фаза на пандемијата.

Таа започнува кога Федералните резерви на САД или Централната банка на САД драматично ги намалија каматните стапки. Ова е итна мерка насочена кон стимулирање на комерцијална активност, позајмување пари, трошење, инвестирање. И тоа би требало да обезбеди олеснување. Берзите сакаат кога каматните стапки се намалуваат. Сепак, ова не вроди со плод во овој случај. Првично, дојде очекуваната реакција. Инвеститорите сметаат дека е добро што каматните стапки се намалени и тие почнуваат да инвестираат. Но, не по долго време, повторно дојде до остар пад на берзата појаснува Гудман.

“Покрај тоа, постои проблем со побарувачката затоа што можеби нема да сакате да одите во трговскиот центар од страв од зараза, без оглед на сите методи. Па дури и владата веројатно не сака да одите во трговски центар. И, според тоа, овие вообичаени методи не можат да вродат со плод во овој вид сценарио за економска криза“, заклучи Питер Гудман.

Фото: Pixabay