Делегација од Прилеп, заедно со стопанска делегација од истиот регион, престојува на дводневна работна посета во Турција.
Посетата има за цел да се промовира општината како потенцијално место за инвестирање. Турските бизнисмени имаат можност да се запознаат со индустриските зони во Прилеп, како и технолошко-индустриско развојната зона во Алинци, каде што има локации за странските бизнисмени.
Од градската локална самоуправа посочуваат дека потенцијалните инвеститори ќе имаат соодветни услови, како инфраструктурни така и трговски, се со цел да ги прошират своите бизнис планови во општина Прилеп.