Загуба од 1,1 милиони денари за ДС Смитх во првиот квартал

70

ds smith

Компанијата ДС Смитх во првиот квартал од 2016 година прикажа загуба од 1.143.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот квартал лани, компанијата работеше со добивка од 4.888.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата достигнаа 136.097.000 денари, од коишто на домашен пазар отпаѓаат 90.362.000 денари, додека остатокот од 45.735.000 денари се остварени на пазари во странство.

ДС Смитх АД Скопје е компанија што се занимава со производство на хартија и амбалажа со седиште во Скопје. Покрај тоа, компанијата се занимава и со собирање и рециклирање на стара хартија. Производната програма опфаќа широка палета на производи како плочи, кутии, гајби, натрон вреќи, кеси и рекламна хартија во ролни и табаци.