Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, поради заладувањето на некои повисоки места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините само од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од пет до 13 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.