Фото: Lacoste
Lacoste ќе пушти во продажба нова колекција на поло маички, каде на местото на познатиот крокодил ќе има животни кои се од загрозен вид, се вели на официјалната веб страна.
Бројот на маички за секој загрозен вид, кореспондира со бројот на регистрирани животни во дивината.
Оние кои ќе купат поло маичка, ќе им помогнат на IUCN (Меѓународната унија за заштита на природата и природните ресурси) и Lacoste во оваа борба за зачувување на природата низ целиот свет.
За оваа цел познатиот француски бренд, направи вкупно 1.775 поло маички, а проектот го означува почетокот на соработката помеѓу Lacoste и IUCN.