ЕВН Македонија нема свој профил на социјалните мрежи, а доколку такво нешто се постави сите корисници навреме ќе бидат информирани, се вели во соопштението на официјалната веб страна.
Во таа насока компанијата сака да ја информира јавноста дека моменталните профили на социјалните мрежи во коишто се користи името на ЕВН, се лажни и содржините кои се наоѓаат на нив се злоупотреба и измама.
Затоа, ЕВН презеде соодветни мерки за затворање на таквите профили и испраќа апел до корисниците да не ги оставаат личните податоци на овие лажни профили бидејќи тие може да бидат злоупотребени.
Доколку во иднина некој добие покана да ги следи ваквите слични профили, ЕВН советува да се игнорираат и да се пријават во контакт центарот на телефон +389 2 3205 000 или 0890 88888 или е-пошта: [email protected].