Еден метар квадратен станбена површина лани достигна 43.155 денари

74

Фото: Pixabay

Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2018 година изнесуваше 43.155 денари, што е за 3,2% повеќе во однос на 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во Скопје, просечната цена на еден метар квадратен изнесуваше 46.764 денари, што е за 7% повеќе во споредба со 2017 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 33 .57 денари, што е за 3,6% повеќе во споредба со 2017 година.

Што се однесува на просечната цена на еден метар квадратен во второто полугодие од 2018 година, таа е намалена за 3,9% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 2,8%.

Наведените просечни цени на еден метар квадратен станбена површина се без данок на додадена вредност.