Модниот луксузен бренд Louis Vuitton претстави серија на чанти со вграден, флексибилен екран, за којшто вели дека е “платно на иднината“. Екраните се AMOLED (Active matrix organic light emitting diodes), а резолуцијата на сликата е 1.920 x 1.440.
Компанијата покажа два прототипа на чанти за време на модното шоу Cruise 2020 коешто неодамна се одржа во Њујорк, пишува Engadget. Едната од нив беше со еден, додека другата имаше два екрана на коишто се прикажуваа видеа од нивни производи. Францускиот луксузен бренд за ова модно парче вели дека е дигитално платно на иднината, додавајќи дека тие се во постојана потрага по спојот помеѓу “иновацијата и искуството“.
Засега чантите се само прототип и од компанија не даваат информации, дали, кога и по која цена ќе бидат достапни на пазарот. Оваа футуристичка креација Louis Vuitton ја дефинира и како “екстензија на паметниот телефон“.
Фото: Louis Vuitton