Фото: Pixabay
Перењето на пари и финансирање на тероризам е проблематика којашто зазема замав на глобално ниво и станува една од најжешките теми за кои што секојдневно се известува во дневните медиуми во насока како институциите обврзници на Законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам не презеле очекувани активности и дејности и индиректно или пак директно го поддржале перењето на пари преку нивните платежни системи. На тој начин платиле финансиски казни, ја изгубиле дозволата за вршење на дејност или пак нивната репутација е нарушена.
Законските одредби и во Република Северна Македонија се, исто така, дефинирани и обврзувачки за многу ентитети: финансиски институции, правни и физички лица кои вршат посредување во промет со недвижности, ревизорски и сметководствени услуги, давање совети од областа на даноците, давање на услуги како инвестициони советници, нотари, адвокати, приредувачи на игри на среќа, Централен депозитар на хартии од вредност, дејност на примање во залог на подвижни предмети и недвижности, итн.
ИТ компанијата Доларе Технолоџи е современа компанија која увиде дека домашните субјекти, како и глобалните ентитети имаат проблем да бидат усогласени со законските одредби, да го верификуваат идентитетот на клиентот и крајниот корисник, како и да го проценат ризикот на клиентот од перење пари и финансирање тероризам. На сите им недостасува комплетно современо cloud base решение за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам што ќе им ги реши проблемите, ќе го олесни донесувањето одлуки, ќе им заштеди пари и истовремено ќе им го зголеми профитот задржувајќи ги ризичните клиентите. Софтверското решение ќе биде прилагодливо на секој вид на институција без разлика на големината дали е мал, среден или голем субјект, односно корпорација.
Компанијата има комплетно знаење за изработка на ваква апликација и во тимот учествуваат софтверски инженери со искуство во развивање на кориснички апликации, професионалци од областа на спречување на перење на пари и финансирање на тероризам кои работеле долги години во меѓународни институции, лиценцирани меѓународни ревизори и експерти со управување со ризикот.
Токму различното богато искуство ја прави оваа ИТ апликација Metricity совршена. Она што го прават ИТ компаниите заедно со нивните клиенти, компанијата го нуди како комплетно решение кое што ги содржи законските одредби од Законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам.
Многу е поедноставно да се направи ИТ апликација од личности кои веќе го поминале тешкиот пат и кои што искусиле многу недостатоци со било која ИТ апликација. Клиенти, исто така, имаат можност во соработка со тимот да имплементираат и нивни барања во апликацијата и да добијат многу совети за поефикасни решенија. Искуството е основа и на соработката со партнер од Соединетите Американски Држави, каде што покрај останатите софтверски решенија се работеше и на софтверски решенија за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам наменет за финансиски институции Јужна Америка и во Европа. Капацитетот и иновативност го препозна две институции, Фондот за иновации и технолошки развој и УКИМ акцелераторот, коишто со својата финансиска поддршка несомнено помагаат ова решение да ја добие својата најубава форма.