Холандија добива огромен подземен паркинг за велосипеди

79

Ector Hoogstad Architects, дизајнерско студио со седиште во Ротердам, Холандија, е креатор на најголемиот подземен паркинг за велосипеди во светот, пишува New Atlas. Проектот започна во 2017 година и веќе е во завршна фаза.

Во просторот, освен што ќе биде паркинг за рекордна бројка од 12.500 велосипеди, ќе можат безбедно и организирано да се движат пешаци и велосипедисти на три ката.

Лоциран е директно под јавен плоштад во градот, а на велосипедистите ќе им понуди брза и лесна навигација. Тие ќе можат да влезат во подземниот простор и да излезат во двата правци, а специјален дигитален систем ќе ги известува колку места се слободни за паркинг и како да стасаат до таму.

Корисниците ќе можат да платат за оставање на својот велосипед преку скенирање на нивната карта за јавен превоз со што ќе се заштеди и време. На располагање во паркингот ќе има и тим од вработени како и продавница за поправки и изнајмување на велосипеди.

За потребите на конструкцијата употребени се бетон, челик и дрво.

Фото: Ector Hoogstad Architects