Biopack – картонска кутија од којашто никнуваат растенија кога ќе се насади во земја

62

Џорџ Боснас, дизајнер со потекло од Грција создаде еколошка картонска кутија за јајца направена од прочистена хартиена пулпа, брашно, скроб и билошко семе од легуми (мешунскасти растенија).

Кога веќе нема да се користи Biopack може да се засади директно во земја и за еден месец да “роди“ растенија, пишува Inhabitat.

Според Боснас најеколошката форма на рециклирање е да се земе производ за еднократна употреба и на природен начин да се претвори во нешто што ќе има еколошко влијание за околината. Инивативното пакување, коешто собира вкупно четири јајца е прилично цврсто за да ги заштити истите од кршење.

Штом јајцата ќе се искористат наместо да се фрли кутијата се сади во почва. Потребно е само мало наводнување, по што биолошкото пакување се распаѓа, овозможувајќи им на семињата да никнат.

На овој начин одржливото пакување создава систем со затворен циклус во којшто од производ се добива растение.

Фото:Biopack